Приведен ,,див” таксист во Кочани, возел без да поседува лиценца за јавен превоз

На 20.09.2026 во 00:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Ќ.Г.(55) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки, со означена табла за вршење на јавен превоз, кое тој го управувал без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот  ќе следува соодветна пријава.