Попоски: Брегалница е подготвена, ние сме фаворити и одиме на три бода против Беласица

По завршување на репрезентативната пауза се враќа второлигашкиот фудбал со 13. коло, а во кое Брегалница ќе гостува во Струмица кај Беласица во дербито на Истокот.

Фудбалерот на Брегалница, Столе Попоски пред натпреварот даде изјава во која вели дека Брегалница е подготвена и дека во Струмица како фаворит патува за трите бодови.

„Паузата ја искористивме максимално да се подготвиме за претстојните средби, да одиграме онака како што знаеме и крајот на полусезоната да го дочекаме на едно од првите две места од табелата. Беласица е претежно млада и полетна екипа, која игра квалитетно и борбено, а тоа го докажа и во натпреварите од претходните неколку кола. Ова го гледам како дерби во кое ние сме фаворити и секако одиме на трите бодови и целиот плен“, рече Попоски.

Натпреварот ќе можете ексклузивно само на М Нет телевизија да го следите во живо преку директен пренос од Струмица, со почеток од 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет