
Набавка на нова опрема, модернизација на претпријатието, извршување на работни задачи во целост, поставување на помошни вентили на водоводната мрежа и решавање на проблемите на граѓаните се заложбите но новиот директор на ЈП Исар, Трајан Коцев. Денеска се реализира примопредавањето во просториите на ЈП Исар, од каде Коцев потенцираше дека ќе се работи напорно, посветно и одговорно со цел подобро функционирање на претпријатието.
„Ќе се залагам во прва фаза за поставување на помошни вентили на водоводната мрежа. Тоа значи дека кога ќе настане дефект на одредена улица што е можно помалку улици да бидат опфатени, односно да останат без вода,. Јавувањата и барањата и во инфо центарот ќе настојувам да пристигнат до адлежните групи и да се пристапи кон нивно решавање“ – вели Коцев.
На првиот работен ден новиот директор Коцев истакна дека ќе се придржува до досегашните начини на штедење на електрична енергија, домаќинско работење со тенденција истото да се зголеми и претпријатието да функционира непречено.
„Во однос на моите заложби ќе бидат во насока на рационализација на трошоците, зголемување на ефикасноста на вработените се со цел поголемо извршување на работите и приходот на претпријатието. “ – додава Коцев.
Коцев седнува на директорската фотелја во ЈП Исар на местото на Трајче Здравков кој моментално работи како шеф на кабинет во Општина Штип. Коцев пак доаѓа од работна позиција од МВР.
Лаура Стојанова М-Нет