Покачена минималната плата, што значи за граѓаните, работодавачите и организациите?

Минимална плата повисока за нешто повеќе од две илјади денари, за граѓаните во Штип речиси не значи ништо. Со две илјади денари плус може да се купи само зејтин, брашно и некој килограм компир. Ама дел од анектираните штипјани велат тешко со нив, уште потешко без нив.

„Ништо не значи за граѓаните, цените се во Германија е поевтино отколку во Македонија. Земеш плата за три дена нема, струја, дете на школо, прашок, зејтин, најосновните производи“ – велат граѓаните.

Зголемена плата значи зголемена потрошувачка вели Димитров, од организацијата на работодавачи. Според него оваа минимална плата се усогласува со зголемените трошоци од минатиот март до сега.

„По дефиниција зголемени плати значат зголемени трошоци, но во секој случај недостига работна сила, мислиме дека е неопходно почитување на Законот и усогласување на висината на минималната плата со порастот на трошоци од минатата година. Овој износ на еден начин само ќе ја загарантира куповната моќ на минималната плата која беше утврдена минатата година.“ – вели Димитров.

За четиричлено семејство ова покачување не значи ништо согласни се и од Гласен Текстилец. Трошоците за живот за четиричлено семејство надминаа 70 илјади денари вели Ампева, па ова покачување нема да се почувствува.

„Плата достојна за четиричлено семејство. Кај нас оддамна е надмината веќе сумата од 70 илјаи денари за четиричелно семејство со оглед на фактот дека имаме висока инфлација во Европа. Минимална плата од 20 илјади денари не значи ништо’ – додава Ампева.

Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари, почнувајќи од месец април минималната плата ќе биде повисока за 2 175 денари.

Лаура Стојанова М-Нет