
Затишје по бура беше ситуацијата попладнево на штипскитe бензински. По информацијата за наводно покачување на цените на нафтата и нафтените деривати, како и за наводно недостаток од горива, во текот на вчерашниот ден да го наполнат резервоарот чекаа колони возила. Но утринава ситуацијата беше поразлична и на бензинските ниту се чекаше, ниту имаше колона возила. Во истовреме доаѓаа само по две – три возила, како што и претходно беше пракса. Сепак, по вчерашната паника, денес дел од бензинските и не точеа горива, но поскапување во цената имаше кај плинот. Авто-плинот (тнг) од денес се продава со драстичен скок во цената, односно поскапува за три денари, па за литар плин ќе треба да платите 46,50 денари. Што се однесува до течниот нафтен гас, тој не е под Регулаторната Комисија за Енергетика, така што цената може да зависи од малопродажните објекти (бензински станици).
Од Влада апелираат граѓаните да не подлегнуваат на шпекулатиции и паника, бидејќи во државата има доволно количини нафта и нафтени деривати. Премиерот Ковачевски апелираше трговците да не ги ограничуваат количините и дециден е дека дел од нив тоа го имаат направено за да ги сочуваат своите количини. Апелот до потрошувачите е да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини, а предупредуваат и дека полнењето буриња, канистри и канти е спротивно на законските регулативи.
Ребека Спасова М-Нет