Одлична атмосфера на тренинг-сесиите на Силекс во Кратово

Кратовскиот прволигаш Силекс изминатата среда ги започна подготовките за новата сезона, а како што објави и претходно телевизија М Нет, подготовките ќе се реализираат во Кратово, но како што изјави шефот на стручниот штаб Александар Васоски, не е исклучена можност за заминување на подготовки во Охрид, во зависност од временските услови.

На стадионот во Кратово владее позитивна атмосферата за време на тренинг-сесиите на клубот, а во рамки на подготовките за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.

Играчкиот кадар Силекс пополека го комплетира, откако веќе како што објави телевизија М Нет клубот се засили со Дарко Додев, Илија Донов, Ален Јашароски и Ангелче Тимовски.

Во следниот период се очекуваат уште неколку засилувања да бидат промовирани во Кратово.

Минатата сезона Силекс заврши на 5. место на табелата со 43 бодови, а во новата сезона влегува со цел за освојување на местата кои водат кон Европа.

Александар Ванев, М-Нет