
Од дрвца од кибритчиња до прерфектна, рачна изгработка на куќички и храмови. Сречо од Кочани пред 45 години започнал како хоби да ја негува рачната изработка. Гледајќи ја оргиналната слика на манстирот Прохор Пчински изработил ремек дело. Така започнал по неколку часа дневно да посветува на ова хоби па по неколку месеци добивал изработувал куќи и разни дела.
„Почнав пред 45 години, ова ми е прва Прхор Пчински, направена е пред 45 години. Идејата се појави во војската, секој нешто работи и од таму почнав да го работам ова. Изработувам ги со дрвца од кибрити. Издвојат се кои се добри, мијат се, се чистат и шема се направе и се сече и се лепе. Тоа се работи кога си слободен, повеќе од година време е потребно.“ – вели Сречо
Неговата работа вели се цени, граѓаните се свесни дека вреди, но пари за да се купи една куќа ретко кој има. Неговите нови дела се дополнително осветлени, со што се добива уникатен изглед.
“Па продавам ги, кој е заинтересиран. Заинтересираноста е голема само никој не сака да даде толку колку што јас барам. Секој вели вреди повеќе отколку што е цената. Цената е од 1500 до 2000 евра. “ – додава Сречо.
За него ова е хоби, а не начин за егзистенција. Пред камерите на М-Нет телевизија истакна дека ужива поминувајќи го слободното време да создаде нешто ново, уникатно и убаво за око. Пред сѐ работи на изработка на цркви и манастири, а во ковид пандемијата започнал и со изработка на куќички.
Лаура Стојанова М-Нет