
Од 1742 теста направени во последните 24 часа, на ниво на држава регистрирани се 130 нови случаи, од кои 13 во Штип. Скопје повторно е на прво место со 40 новозаболени, по што следува Гостивар со 18, Штип и Тетово со по 13, во Кичево седум, Куманово и Охрид со шест, пет во Виница, Струга и Делчево со четири новозаболени, Битола со три, Кавадарци и Пробиштип со два нови случаи и Берово и Струмица со по едно ново заболено лице од КОВИД 19.
Починати се двајца пациенти, 70 годишен од Скопје и 75 годишен од Штип, а оздравени 152 лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12970, од кои оздравени 9513, починати 549.
Бројот на активни случаи изнесува 2908 лица.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк