Нов пораз на ракометарите на Текстилец, овојпат во Кичево

Ракометните прволигаши ги одиграа натпреварите од 4 првенствено коло во кое тимот на Текстилец од Штип гостуваше во Кичево. Штипските ракометари некако се одржуваа во првото полувреме во кое сепак играчите на Кичево се стекнаа со предност и остварија резултат од 15:9. Во второто полувреме Текстилец падна на физички план тоа го искористија домакините кои набрзина создадоа значителна предност, за да на крајот натпреварот Кичево – Текстилец заврши со висок резултат 38:18. Ова беше четврта бодовна нула за Текстилец кој досега загуби од Аеродром, Струмица, Македонија ЃП и сега од Кичево. Инаку во Првата ракометна лига група „ Б “ покрај овие екипи настапуваат уште и тимовите на Алкалоид, Јуниор КВ, Астраион,Куманово , Металург и Голден Арт, додека пак групата „ А “ е составена од 9 екипи.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk