Намалена невработеноста за 1,5%, соопштуваат од ДЗС, граѓаните тврдат спротивно

За 0,8% е зголемен бројот на активното население во Македонија во второто тримесечје од 2026 година во однос на истиот период минатата година.

Во исто време, бројот на невработените лица е намален за 1,5%, покажуваат најновите податоци. Од вкупниот број невработени лица во Македонија, 63,6% се мажи, додека 36,4% се жени, покажуваат податоците за второто тримесечје од 2026 година. Во истиот период, бројот на вработени лица бележи зголемување од 1%. Од вкупниот број вработени, 57,7% се мажи, а 42,3% се жени.

Во второто тримесечје од 2026 година во Македонија биле евидентирани 101.022 неформално вработени лица, што претставува зголемување од 7,2% во однос на претходното тримесечје.

Активно население: 798 718 лица

Вработени: 708 698 лица
Невработени: 90 020 лица
Стапка на активност: 52.5
Стапка на вработеност: 46.6
Стапка на невработеност: 11.3, соопштуваат од ДЗС

окрај официјалните податоци, во реалноста се повеќе граѓани се соочуваат со тешкотии при барање работа, велат дека невработеноста е се почест проблем во земјата, како и за младите, така и за повозрасните кои наместо да имаат стабилно работно место и да обезбедат сигурни приходи, остануваат дома.

Најголем дел од неформално вработените се ангажирани во земјоделството, шумарството и рибарството, каде биле евидентирани 51.487 лица и во градежништвото, каде се концентрирани дополнителни 17,2% од вкупниот број неформално вработени лица.

Ева Тушевска, М-Нет