
Со многу емоции и носталгија, анкетираните на поставеното прашање кој бил најсреќниот ден во нивниот живот раскажаа приказни што носат и радост и тишина во исто време. Некои со насмевка се вратија на денот на венчавката и на младешките години исполнети со љубов и надеж. Други, пак, со кратки зборови и замислен поглед ја споменаа младоста како најубав период кој брзо поминал. Кај дел од нив се почувствува и болка, додека зборуваа за изгубени блиски и денови кои веќе не можат да се вратат.
„Абе имало убави денови, сега веќе е старост, ништо нема. Абе се е било убаво, имало убави работи. Нема да заборавам кога сум се венчал. Па одевме, две/три години и потоа заедно. Три години, додека заврши училиште таа, а сега е во гробиштата. Епа ми недостасува, сам човек за никаде не е. Едниот син ми почина, другиот доваѓа понекогаш.“,
Анкетираните граѓани на поставеното прашање децидно одговорија дека за нив најубавиот дел од животот е младоста.
„Има многу, но, сега моментално ме фативте, не ми текнува.
Зад камерите, дел од анкетираните порачаа дека младоста е периодот што треба да се ужива најмногу, бидејќи тогаш човек е најубав, најработлив и најздрав, и има цел живот пред себе.
Дајана Сандева, М-Нет