
Македонската репрезентација по првите 45 минути има негатива од 0:1 против Шкотска во натпреварот кој вечерва се игра во Скопје.
Шкотите стигнаа до водство во 7. минута, кога по асистенција на Били Гилмор, Кејлум Боуи ја затресе македонската мрежа за 0:1.
Македонија во продолжение се обидуваше да одговори, но до паузата не успеа да создаде резултатски повраток.
Во првото полувреме имаше и неколку остри стартови. Јани Атанасов заработи жолт картон во 37. минута по остар старт, поради што ќе го пропушти следниот натпревар, додека жолт картон во 44. минута доби и Џеков.
По првите 45 минути во Скопје: Македонија 0:1 Шкотска.