
Комедијата која навлегува и во психолошките аспекти на ликовите, а силно ја смее пубиката, вечерва е повторно на реперторарот на Народниот театар – Штип. Театарската претстава „Ле кретен“ ќе се игра од 20:00 часот, кога пубиката ќе може да ја гледа урнебесната изведба на фотографот Пињон, чија работна задача е од хотелската соба да го фотографира влегувањето во судската палата на еден важен осуденик за кого се стравува дека е можно да му биде извршен атентат, но Пињон станува најдобар пријател со потенцијалниот атентатор.
Во претставата играат актерите Миле Вратеовски, Елена Шорова-Дербов, Пеце Ристевски, Анѓелка Нашкова, Владимир Тулиев и Даријан Петров, а е под режисерската палка на Никола Ристов.
Премиерата на претставата беше на 27 март, по повод Светскиот ден на театарот, а од тогаш се играат неколку репризни изданија. За оние кои нема да можат да ја погледнат вечерва, следно репризно издание е на 16 мај, од 20:00 часот.
Ребека Спасова М-Нет