Пријави до ДКСК за членови блиски до власта и опозицијата во Штип, препирки за судир на интереси

Двегодишниот мандат на градоначалникот Иван Јорданов единствено што го карактеризира се афери и основани сомнениа поврзани со негови блиски луѓе и сопартици- посочија денеска на прес конференција од советничка група на СДСМ и коалицијата. По скандалот со дивоградбата на секретарот на општината, скандалот со јавната набавка во детската градинка Астибо, проневера на нафта, сега се шират инфромации за нов обид на Јорданов да ги задоволи потребите на неговите сопартици велат од СДСМ. Потенцираат дека во наредните денови ќе поднесат пријава до државната комисија за спречување криминал и корупција.

„За сомнежот да е уште да е уште поголем лицето Методи Јорданов кој е во роднинаска врска и со фирмата и со градоначалникот и е член на управниот одбор на ЈП Исар. Затоа прашуваме дали постои основ за судир на интереси и дали Јорданов со тендери од илјадници евра ги чести своите блиски сопартици и луѓе со кои е во роднинска врска. Дополнително во јавноста се шири информација дека истата фирма дека треба да ги купи дуќаните од ЈП Исар. Затоа како советничка група на СДСМ и коалицијата во наредните денови ќе поднесеме пријава и ја повикуваме Државната комисија за спречување корушпција и криминал да го истражи случајот.“ – велат од СДСМ.

Градоначалникот Јорданов ги охраби веднаш да поднесат пријави, но во исто време посочи дека пријави треба да следуваат и за членови на СДСМ.

„Наместо манипулативни прес конференции веднаш да поднесат пријава, во исто време ги охрабрувам: да поднесат пријава за сопругата на Јане Миланов, зошто се уште ги нема вратено украдените пари од касата на Физикална терапија, за кое дело е условно осудена и како неговата ќерка е поставена управител во Црвен крст Штип, да поднесат пријава за семејството Бочварски кое добива тендери, гради станбени згради и произведува струја, да поднесат пријава за сопругата на директорот на Затвор Штип, Мики Тодоров која е поставена раководитлел на сектор во УЈП Штип, да поднесат пријава за Никола Тушев поставен како началник на инспекција во УЈП Штип како зет на министерот Бојан Маричиќ.“ – стои во одговорот од страна на градоначалникот Јорданов.

Лаура Стојанова М-Нет