Кошаркарките на Крива Паланка на врвот од табелата, шампион Баскет Кам од Македонска Каменица е втор, одлична игра на Патриот од Делчево!

По шест одиграни кола во Првата А женска кошакарска лига екипата на Крива Паланка е на врвот од табелата со пет од пет и максимални 10 бодови на своето конто. Лидерот во кошаркарската елита на Македонија славеше и над актуелниот шампион Баскет Кам со што во тековната сезона доминира. На второто место е токму Баскет Кам од Македонска Каменица, шампионот има учинок од четири победи и еден пораз и со девет бодови е на второто место, а пак на третото место е Бадел, исто така со девет бодови.

На четвртата позиција е Вардар, со учинок од две победи и три порази и има седум бодови, а толку бодови има и Патриот од Делчево. Овој тим прикажува одлична игра и се наоѓа на средината од табелата. На шесттата позиција е МЗТ Скопје со шест бодови, а толку бодови има и Пробаскет кој е седми. Екипата на Куманово беше диквалификувана од натпреварување и со тоа формално е на осмото место. Во секој случај очекуваме неизвесна сезона во Првата А кошаркарска лига на Македонија во женска конкуренција.

Во рамки на следното коло Вардар на домашен терен ќе игра против Патриот од Делчево, во меч каде и двете екипи сакаа триумф, Крива Паланка ќе игра со Бадел, а пак шампионот Баскет Кам од Македонска Каменица против МЗТ Скопје, слободна ќе биде екипата на Пробаскет.

Во однос на Првата Б кошаркарска лига таму лидер е Шкупи со десет бодови, Спорт Тим и Струга го делат второто место со по девет бодови, а пак Риниа е на 4. место со осум бодови. Охрид е во средина дносно на 5. место со седум бодови, а пак Гостивар со шест бодови на шесттото место, екипата на Јанбор е на седмото место со пет бодови. Екипата на Пониква од Кочани е дисквалификувана од натпрварување поради два неодиграни натпревари со што е формално само на осмото место на табелата.

Во следното коло Охрид ќе биде домаќин на Јанбор, Спорт Тим ќе игра против Риниа, а пак Гостивар со Струга, лидерот Шкупи ќе биде слободен.

Александар Ванев, М-Нет