
Некогашниот второлигаш Кораб продолжува со убедливите победи во Трета лига – Југозапад, откако во 2. коло со високи 5:0 славеше над Сатеска од Волино.
Леши, Колоња, Мерсовски, Думани и Муча беа стрелци во победата на Кораб.
Демир Хисар беше пресилен за новајлијата Светлост откако на домашен терен забележа победа од високи 7:1.
Голгетерот Стефан Каревски постигна четири гола, а Ѓорѓиовски, Нечовски и Ангелевски по еден гол. За гостите погоди Николоски.
Влазними дома со 2:3 беше поразен од Преспа. Хоџа и Шекуткоски беа стрелци за домаќинот, а за гостинот од Ресен погодија Тошевски, Колоски и Јовановски.
Кравари преку Јанакиевски и Алимовски стигна до победа од 2:1 над Јанг Тим. За гостинот погоди Атај Уљо.