
Домашни производи пласирани на пазарот во Пробиштип, компири од кратовско, домашен пипер, корнишони. Иако постудено времето сепак продавачите се задоволни од побарувачката на производи, она што се бара и што се купува. Поголем дел од нив продаваат и на пазарот во и во Пробиштип, но и во останатите градови. Велат цените овој период од годината се исти секаде, прифатливи за џебот на граѓаните, па и пазарите се речиси исти во сите места.
„Денеска имаме убав компир, од Мушково, кратовско. Имаме и пипер везен од 80 денари до 150 денари. Тоа се цени се зависи од квалитетот. Корнишоните се со цена од 50 и 60 денари за килограм, доста падната е цената на карфиолот и се движи од 50 до 80 денари“ – велат продавачите.
Задоволни од она што се нудеше на пазарот во Пробиштип беа и купувачите. Велат цените се реални за овој период од годината, и секој купува согласно своите можности. И овој пазар најмногу се бараше сезонското овошје, пиперот, корнишоните, како и останатите производи за зимница и туршија.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет