Комичарот Бојан Велевски со нова стенд ап комедија на 20 ноември во Штип

„Де бре, Ванчо“ е новата стенд-ап комедија на комичарот Бојан Велевски, која на 20 ноември ќе ја донесе смеата во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Публиката ќе има можност да ужива во препознатливиот хумор на Велевски – духовит, директен и полн со ситуации од секојдневието што сите ги препознаваме.

Билетите за оваа вечер исполнета со смеа се продаваат по цена од 400 денари, а организаторите најавуваат вистински стенд-ап спектакл што ќе ја разбие есенската монотонија.