
Утре ќе бидат одиграни натпреварите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција.
На Градскиот стадион во Македонска Каменица ќе се одигра натпреварот меѓу Каменица Саса и Кочани, меч каде „рударките“ се апсолутни фаворити за пласман во полуфиналето. Натпреварот ќе започне во 12 часот.
Во ист термин започнува дуелот меѓу Љуботен и Ас Јунајтед, кој се игра во Тетово.
Во 13:30 часот Пелистер ќе ја пречека Речица, каде битолчанки се фаворити за пласман во полуфиналето, а пак во 14 часот во Драчево, Истатов ќе игра со бранителот на Куп титулата Тиверија Брера.
Доколку во регуларниот дел нема победник, ќе се премини кон директно изведување на пенали, а победниците обезбедуваат пласман во полуфиналето.
Александар Ванев, М-Нет