
Зимската пауза кај второлигашите покрај за одмор ќе биде искористена за темелна анализа и промени во насока за остварување на целите во пролетниот дел. Најмногу се загрозени екипите од долниот дел на табелата – со исклучок на Големо Коњари кој веќе е помирен со факатот дека нема што да се прави бидејќи испаѓањето во Трета лига е речиси сигурно.
Надеж за спас и опстанок во Втората лига гледаат Слога од Виница, Преспа, Победа, Вардар Неготино, но од овие екипи кои се во зоната за директно испаѓање во Трета лига најтешка пролет дефинитнивно ќе имаат екипите од Виница и Ресен кои имаат едноцифрен број на бодови.
Слога Виница според наши информации веќе е во потрага по нов тренер, а тимот ќе има и засилувања со цел да се фати барам баражот за опстанок, а некои промени се очекуваат и кај тимот од Ресен.
Победа е одново под сериозни прашалници како да продолжи во иднина, според наши информации тимот од Прилеп ќе продолжи со нов тренер, ќе има промени во ростерот, но сериозни проблеми има и со финансиите и самото организирање внатре во клубот. Тимот на Вардар Неготино е најблиску до бараж зоната, само пет бода негатива, но од зоната за директен опстанок 12 бодови. Повеќе од јасно е дека и тука мора да има промени, да се бараат засилување, но пред се со квалитет, бидејќи можност и време за експиримент нема.
Овие екипи се најмногу загрозени и прашања е со каков сопствен капацитет ќе може да се екипираат за да бидат конкурентни. Од друга страна Тетекс и Каменица Саса влегуваат во пролетниот дел во битка за директен опстанок, но за тоа мора да се обезбедат и соодветни засилувања, а пак Кожуф кој е исто така во бараж зоната како деветти е на два бода негатива од зоната за директен опстанок, па тимот од Гевгелија ќе цели кон директен опстанок.
Веќе кон овие екипи притисокот е помал и промените сигурно е дека ќе бидат помали, односно се очекува по некое засилување, но и заминување.
Веќе екипите во погорниот дел на табелата како Осогово, Детонит Плачковица и Новаци најавуваат две до три засилувања, а ќе има и по некое заминување, Скопје ќе мора посериозно да се засилува во трката за Прва лига, а пак Беласица, Брегалница, Шкендија Арачиново и Охрид ќе кројат ростери за директен влез во Прва лига.
Најактивна е Шкендија Арачиново која се засили со напаѓачот Владимир Жоглев и голманот Антонио Столевски, а пак Беласица се раздели со Анатолиј Петејчук, а Осогово бара соодветна замена за Жоглев кој ќе биде задолжен за голови во тимот од Кочани.
За разлика од минатата зима кога второлигашите беа многу поактивни пред Нова година, сега гледаме една поинаква слика, освен Шкендија Арачиново која се пофали со две засилувања, останатите на ставот и со краток коментар – се водат преговори со две до три засилувања, ќе има и некое засилување.
Пролетниот дел од Втората лига започнува на 21 февруари со мечевите од 16. коло, а веднаш после Божиќните празници второлигашите ќе ги „запалат моторите“ и со тоа ќе се означи почетокот на зимските подготовки, иако не е исклучено некои второлигаши да започнат и подоцна поради посериозни проблеми пред се финансиски, како што беше во летниот период.
Александар Ванев, М-Нет