
Кадетите на Брегалница се пласираа во полуфиналето од Купот на Македонија откако со минимални 1:0 славеа над прилепска Победа со голот на Лука Николов кој беше постигнат во 22. минута.
Момците на Мијалче Прошев одиграа одличен натпревар, а во 90. минута Брегалница остана и без играч помалку на теренот, откако Димитар Герасимов заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра, меѓутоа тоа немаше влијание на резултатот и Брегалница патува во Купот на Македонија во кадетска конкуренција.
Инаку младинците на Брегалница беа поразени во четвртфиналето од Купот на Македонија со 4:2 од Брера Струмица, пионерите на Брегалница исто така ги завршија настапите во Купот откако во четвртфиналето беа поразени во пенал рулетот од Шкупи, откако во регуларниот дел резултат беше 2:2. Од Купот исто така беа исфрлени и помладите пионери на Брегалница во пенал-рулетот од Шкендија, откако во регуларниот дел резултатот беше 1:1.
Александар Ванев, М-Нет