
Изгледот на одделението за Физикална терапија, распаднат инвентар, уништен под, санитарни јазли мотив за прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму обвинуваат за полоша состојба на ова одделение од пред четири години.
„Ова што денес го покажуваме пред јавноста се фотографии од изгледот на Одделението за Физикална терапија. Распаднат инвентар, уништен под, санитарни јазли во катастрофална состојба, се само дел од целокупното „доживување“ на ова одделение. Оваа година е многу полоша од пред 4 години, кога моменталното раководство беше во опозиција и кога преку оваа слика „билдаше“ политички поени.“ – истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, обвинуваат и за сомнежи за криминал од страна на персоналот на физикална.
„Исто како минатиот пат, така и сега прашуваме, дали главна сестра на одделението, жена на висок функционер на СДСМ, парите на пациентите, наместо да ги уплаќа како дневен пазар, ги присвојувала за лична корист?“ – кажаа од таму.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, ги повикаа и медиумите да влезат внатре и да посведочат за вистинитоста на она што тие го обелоденуваат.
Лаура Стојанова М-Нет