Затната канализација го поплави домот на семејството Атанасковски од Штип

Поплавен спрат од запушена канализација го остави надвор повеќе од еден час семејството Атанасковски од Штип. Пред камерите на М-Нет телевизија револтирано раскажуваат како од тоалетот почнла да извира канализациска вода која го поплавила целиот спрат. Мебелот уништен, штетата до прва ќе се проценува. Бидејќи надлежните не излегле на терен подолг времеснки период, челновите од семејството како знаеа и умееа се обидуваа водата да излезе од нивниот дом.

„Пред еден час имаме поплава, излегува вода од канализацијата, од сите шољи, од кадата. Звоневме во ЈП Исар, нема ги еве еден час чекаме. Спратот ми е катастрофа, гледате и сами. Првпат се случува и најверојатно некаде е запушена канализацијата и цела канализација кај мене излегува и не сакаат да интервенираат. Кој треба да интервенира јас не знам“ – вели Атанасков.

По повеќе од еден час единствената дежурна екипа за канализација на ЈП Исар од населба Балканска пристигна на улица Асном 28, Блок 70. На местото на настанот излезе и директорот на ЈП Исар, Трајан Коцев кој истакна дека ќе се работи на решавање на проблемот.

„Дојдено е до затнување на канализација во наслеба Леваци, исконтактиравме со дежурните екипи и веднаш се упативме овде. Дефектот ќе биде саниран“ – вели Коцев.

Во меѓувреме, пријавено беше и во Полициска станица, бидејќи штетата на семејството Атанасковски која допрва ќе се утврдува е оргомна.

Лаура Стојанова М-Нет