Започнаа активностите за реконструкција во населба Леваци, ќе се работи подземно и површински на целата инфраструктура

Започнаа активностите за реконструкција на улиците во населба „Леваци“ во Штип. Ќе се врши промена на водоводната линија за подземна инфраструктура, како и асфалтирање на улиците во населбата. Ќе се навлезе во сите улици, а целта е оваа година населбата добие модерна и нормална инфраструктура со нови тротоарски површини и коловозни ленти, истакна градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, и додава дека ваквата реконструкција е неопходна за овој дел од градот.

“Се наоѓаме во населба „Леваци“, овде се започнати активности за промена на водоводните линии за подземна инфраструктура, нешто кое што е неопходно за да се навлезе со третирање на тротоарските површини и асфалтирање на улиците во населбата Леваци. Моментално се работи на улицата Христијан Карпош и на учлица АСНОМ. Mорам да најавам дека планот за оваа година е да се навлезе на сите улици во населбата Леваци, комплетно да се реконстроираат, вклучувајќи ги и улиците Боро Милевски, Христијан Карпош, АСНОМ, Коле Неделковски, нешто кое што е потреба, затоа што откако е изградена оваа населба, нема извршено никој реконструкција на овие улици на тротоарски површини и слично. Замолуваме за трпение, за тоа што за да се направи нешто, поголем дел од улиците ќе бидат раскопани, ќе се работи подземно со промена на водоводните линии, а овде се и екипините на ЈП Исар кој што ќе работат во однос на промената на подземната ифраструктура.“, истакна Јорданов

Екипите се на терен и деноноќно работата за изведување на новата водоводна инсталација во оваа населба, а со ова темпо ќе продолжиме и понатаму, додава директорот на ЈП Исар Александар Арсовски

“Екипите на ЈП“Исар,, деноноќно работата на изведување на нова водоводна инсталација во населба леваци, а со такво темнпо и динамика ќе продолжиме и во наредниот период, за да граѓаните на оваа населба добијат нова водоводна линија со што целосно ќе бидат задоволени потребите со водоснабдување.“, истакна Арсовски

Во ваквата ситуација, од страна на надлежните истакнаа дека е потребно трпение од граѓаните, бидејќи поголем дел од улиците ќе бидат раскопани и ќе се работи подземно се со цел да се обезеди како површинска, така и подземна нова инфраструктура.

Лаура Стојанова,