Започна реконструкција на улица во село Г. Балван, се работи на проектот „Неколку улици во Општина Карбинци“

Продолжуваат активностите на терен, односно реализација на проектот „Неколку улици во Општина Карбинци “. Денес во село Горни Балван започна реконстукција на улица која што е многу значајна за граѓаните во должина од 300 метри која ќе води до завршетокот на селото.

„Денес во село Горни Балван, продолжуваме со активностите на реконструкција на улицата којуа што е многу важна за граѓаните.Се работи за улица која што е со должина од 300 метри која е насочена кон завршетокот на селото, односно до познатата селска чешма.“ – изјави Паунов

Децидни се граѓаните кои велат дека секој проект е добредојден, а оваа улица има многу големо значење, затоа што сите минуваат од оваа улица за да стасат до чешмата, која има природна вода.

„Оваа улица значи голем работа, затоа што пшовеќе од 100 години не е поминал човек. Сите одат на чешмата од овде, цело село врте од овде, водата е природна и од градот доваѓаат и си пунат вода од тука. Цели 25 години велеа дека ќе добиеме асфалт, мешутоа тоа беше се лага. Денешниот ден е реалност, благодарение на градоначалникот, кој во една посета даде ветување и денес се реализира.“-велат граѓаните

Воедно од Општина Карбинци велат дека во следниот период ќе продолжат со градежни активности кои се насочуваат во патната инфраструкура во село Парналија со уредување на влезот и училишниот двор, а воедно ќе се работи и на спојот помеѓу село Радање и Оџалија.

„Продолжуваме понатаму во село Парналија, плачковичко, со реализирање на влезот на пристапниот пат во училиштето и уредување на училишниот двор со површина од 1050 метри квадратни, и спојот на патото помеѓу село Радање и Оџалија во должина од 350 метри. “- изјави Паунов

За реализирање на сите три инфраструктурни проекти финсансиската рамка изнесува 4 милиони и 800 илјади денари, кои во целост се обезбедени од страна на буџетот на Општина Карбинци.