Започна асфалтирањето на главната улица во селото Козјак во општина Карбинци

Денеска започнаа градежните работи за реконструкција и асфалтирање на главната улица во карбинското село Козјак. Активноста е во рамки на проект на Општина Карбинци, дел од програмата за 2023 година.

„Денес ќе биде целосно асфалтирана и реконструирана оваа улица со должина од 600 метри. Имено, оваа улица е по барање на жителите на село Козјак и е во рамките на нашата програма и план за работа за 2023 година. Оваа улица ќе биде обновена и реконструирана со околу 2.900.000 денари, средства од општинскиот буџет“, истакна Паунов.

Инаку, работата на оваа улица започна на крајот на месец септември, кога улицата се расчистуваше и подготвуваше за асфалтирање.

Ребека Спасова М-Нет