Жаклина Филипова Свеќаровска од Левица е петтиот кандидат за градоначалник за Кочани

Жаклина Филипова Свеќаровска е кандидат за градоначалник од Левица за Општина Кочани. Таа е актуелен советник во Советот на Општина Кочани.
На еден ден пред истекот на рокот за поднесување кандидатски листи за градоначалници, во Истокот, Кочани политичките апетити се најголеми. Во ова општина за градоначалничката фотелја ќе се борат пет кандидати, двајца независни, и по еден кандидат од ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и Левица.