
Одбојкарите на Штип УГД одиграа одлична есен и доминираа на терените низ Македонија, со што есенската полусезона ја завршуваат на второто место со само еден пораз од актуелниот шампион Струмица.
Учинокот на штипските одбојкари е 11 натпревари без загубен сет и еден пораз од шампионот Струмица со 1:3. Како што велат од клубот овој пораз ќе биде за нив дополнителен мотив за уште подобра игра и резултати во втората полусезона, па ова е рекорд за Штип УГД до овој дел од сезоната.
Клубот веќе од вчера ги започна подготовките за вториот дел од првенството, каде штипјани ги очекуваат посериозни натпревари.
Колку за потсетување екипата на Штип УГД минатата сезона ја освои Куп титулата и испиша историја и во тековната сезона ќе атакува на одбрана на истата, но ќе ја напаѓа титулата и во првенството.
Александар Ванев, М-Нет