
Доктор Владко Грозданов е кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ во Општина Кочани. Како што истакнаа од партијата станува збор за натпартиски кандидат за градоначалник.
„Беа избрани следните канидати за градоначалници за престојните избори. За Општина Кочани ќе се обединиме околу надпартискиот кандидат доктор Влатко Грозданов. ВМРО ДПМНЕ ќе се бори како никогаш досега. Сите кандидати се избрани во транспарентен процес. Секој од нив е чесен, познат, почитуван од средината од која доаѓа.“ – вели Митева.
Грозданов долги години работеше на одделот за гинекологија при Општата болница Кочани, а одреден временски период работеше и во приватна болница во Скопје.
ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани истакна дека со овој кандидат очекуваат Кочани да оздрави, да се врати надежта, развојот и стабилноста во градот.
Со др. Владко Грозданов, започнуваме нова страница за Кочани – страница на надеж, чесност и иднина! – стои во изјвата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани.
Во Општините од Истокот познати се сите имиња за канидадти за градоначалници од ВМРО ДПМНЕ, освен во Македонска Каменица.
Во Општина Кочани за престојните избори има досега пријавено тројца кандидати, двајца независни Венко Крстевски и Зоран Тодоров и кандидатот на ВМРО ДПМНЕ доктор Владко Грозданов.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет