Дејан Митров државен рекордер по освоени титули, во април на Европско првенство

На Државното првенство во борење што се одржа овој викенд во Радовиш, штипјанецот Дејан Митров ја освои 15. титула, со што стана рекордер во Македонија по освоени државни првенства во борење. Дејан Митров од четири борби имаше четири победи, а во финалето славеше против Горан Стоилов од Спартак. На ова натпреварување БК Балканец, исто така, беше најуспешна екипа со освоени четири титули: Владимир Егоров (65 кг), Серхан Шакиров (79 кг), Дејан Митров (86 кг) и Столе Ефтмов (97 кг). Дејан Митров за М-Нет Телевизија изјави дека во април го очекува учество на Европското првенство во Будимпешта, Унгарија.