Хуманоста на дело кај младите во Штип, група од околу 10 дечиња, продаваа гривни, рачно изработени од ластичиња на врвот на Исарот, со една цел собраните средства да ги вложат во хуман гест и да помогнат на семејства на кои им е потребно.
„На нашите деца од одделението им текна, понекогаш парите да ги донираме за сиромашните деца, во училиштето се одржува хуманитарна акција за деца кои им е потребна помош.По повод овој наш празник сакаме да продаваме тука за да собереме повеќе пари, за повеќе семејства да им помогнеме.Имаме две групи, едната вчера продаваше на плоштадот, а на празникот другата група.“- дел од учесниците во групата

Дечињата велат дека за изработка на гривните им била потребна една недела кои ги изработубвале дома. За изработка на гривните им биле потребни ластичиња, и со своите раце рачно ги изработуваат.
„Ние продаваме гривни за 20, 30 и 50 денари, подебелите гривни се 30денари, имаме и ланче го продаваме 50 денари и не стега, сите гривни се растегнуваат. Гривните со еден ластик се по 20 денари.Овие гривни ги правиме околу една недела.Потребно ни е да купиме ластичиња, и ние дома сами ги правиме и ги продавамае и на плоштадот, а денеска тука ги продаваме. Учествуваме околу 10 души.“-велат дечињата
Децидни се дека традицијата продолжува со искачување до врвот, се надеваат дека ќе соберат повеќе финансиски средства, а сакаат да бидат пример на секого со својата хуманост. Инаку, дечињата се поделени во две групи, едната група продавала вчера на плоштадот, а денес на Исарот.
Лаура Стојанова М-Нет