Граѓаните во Кочани „ќе јадат преку еден ден“ , толку дозволуваат примањата

Зелените производи како марула, спанаќ, кромид и лук најзастапени на денешниот пазар во Кочани, ама и најмногу барани. Но, за произведувачите односно продавачите цените се симболични, од 15 до 20 денари се движеше цената на марулата. Народ нема велат тие, граѓаните помалку купуваат, криза се чувствува, но се обидуваат на некој начин да заработат за парче леб.

„Послаба побарувачка има, нема народ. Едно време пазарот беше полн, а сега ќе ги изброеш колку народ има на пазарот. Плашат се граѓаните од немаштија, пари нема“

„Нема покачување, зеленчукот е иста цена, побарувачката е така – така“

За граѓаните примањата се ниски, цените прилично високи па како што велат дел од анкетираните граѓани во Кочани производи си купиле да јадат преку еден ден. Мора да се штеди за да може да се преживее.

„Ќе почнеме преку еден ден да јадеме, а научени сме на постење веќе“

„Како што гледам има нешто покачено на пазарот, за во продавниците да не зборувам се е покачено“

„Сега доаѓам на пазар, ама исто е како и претходно.“

Топлото и сончево време ги измами граѓаните да излезат и да го посетат предпоследниот пазар во Кочани, но целокупната слика е дека производи има, ама не и доволна побарувачка.

Лаура Стојанова М-Нет