
Голема победа забележаа кошаркарите на ГКК Штип, триумфирајќи над Пелистер среде Битола со 87:92 за втора победа во низа, во рамките на 6. коло на Суперлигата.
Тимот на Марјан Србиновски стигна до ново славје и со тоа започна да прогреси на табелата со ефект од две победи и четири порази.
Ваквата победничка низа може да биде продолжена и во следното коло, кога во „Џексон“ ќе гостува Скопје, ова е идеална шанса за трета сезонска победа.
Во однос на мечот во Битола, штипјани до победата стигнаа благодариение на првата и втората четвртина, кои ги добија со 21:24 и 17:24, додека пак следните две четврти Пелистер ги доби тесно со 22:19 и 27:25 за конечни 87:92.
Хамилтон со 20 и Лав со 19 поени беа најефикасни во тимот на Штип, додека Пал го заврши натпреварот со 15 поени и 11 скокови. Кај Пелистер, Кочовиќ постигна 24, а Вилсон 17 поени.
Тиквеш со пресврт триумфираше над Струмица во гости, каде славеше со 70:75, сигурна победа имаше и шампионот МЗТ Скопје Аеродром кој со 60:79 го доби составот на Скопје, а пак Работнички ја доби драмата со Кожув славејќи со 83:80, со што „црвено-белите“ имаат максимален ефект со шест од шест.
Колото ќе се комплетира вечерва со мечот меѓу ТФТ и МКК Куманово.
Александар Ванев, М-Нет