ГКК Штип со две победи во низа, следува важен дуел во „Џексон“, Работнички максимален, шампионот МЗТ е втор

Кошаркарите на ГКК Штип врзаа две победи во низа и започнуваат да прогресират на табелата, во следното коло идеална шанса да се стигне до трета победа во низа, на врвот е Работнички со максимален ефект по шест кола.

Кошаркарите на Работнички имаат максимален ефект во Суперлигата со шест победи од толку натпревари со 12 бодови на своето конто, а пак шампионот МЗТ Скопје Аеродром е втор со бод помалку, најава за големо дерби во следното коло, кое ќе биде дерби на седмата рунда.

Дури четири екипи имаат по девет бодови. МКК Куманово, Тиквеш, ТФТ и Кожув позиционирани од третото до шестото место на табелата.

По осум бодови имаат три екипи односно Струмица, Пелистер и Штип, а на дното е Скопје со седум бодови со ефект една победа и пет порази.

Следното седмо коло е идеална шанса за кошаркарите на Штип кој ги предводи Марјан Србиновски да дојдат до трета победа во низа и да имаат скок на табелата, бидејќи во „Џексон“ ќе гостува последнопласираниот Скопје.

Седмата рунда покрај овој меч и дербито меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички носи уште три интересни средби.

Тиквеш на домашен терен ќе оди по трета победа во низа за вкупно четири против Пелистер кој бара излез од резултатската криза после два порази во низа.

МКК Куманово на домашен терен ќе игра против Струмица, а Кожув по двата порази во низа на домашен терен ќе се обиде да се врати на победите во дуелот со ТФТ.

Александар Ванев, М-Нет