Во тек реализација на изградба на 47 типски куќи за ромската заедница во Штип

Ќе дојде ли до промена на начинот на живот во 21 век, каде дел од населението живее во одлични услови а други едвај преживуваат. Без вода, затоплување, во мизерни услови, без вработување и средства само од социјална помош, живеат еве на пример дел од ромската заедница во град Штип.

Во предизборната кампања на Социјалдемократскиот сојуз, стоеше ветувањето од сегашниот градоначалник на Општина Штип, Николов, за изградба на 100 типски куќи за најранливите категории граѓани. Проектот е во тек, само започнува со изградба на нови 47 типски куќи кај Св. Недела, чии завршни проекти се започнати.

„Проектот 100 типски куќи во населба „Света Недела“ останува, но ќе биде во фазно работење, во првата фаза ќе бидат реализирани 47 куќи од овој проект со тоа што веќе имаме обезбедено и реализирано локација„ – истакна д-р. Николов.

Овој проект под назив „Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живот на ромската заедница“  е финансиран од ИПА фондовите од ЕУ и се обезбедени околу 900 илјади евра од кои што 650 илјади евра се за Општина Штип. Оваа општина свој удел во овој проект има со околу 70 илјади евра. Моментално е потпишан пред договорот со ЕУ и се префрлени околу 440 илјади евра на сметка на Општина Штип, од кои 310 илјади евра се за реализација на проектот на Штип, останатите на Берово. Денеска е потпишан и договорот со Комуналните претпријатија за почеток на реализација на водовод и канализација на местата каде ќе се изградат типските куќи односно населбата Св. Недела.

Лаура Стојанова М-Нет