
Овој викенд се играат натпреварите од 11. коло на Втората футсал лига, колото се отвара со три натпревари кои ќе се одиграат утре.
Лидерот Железарец ќе има лесна задача за освојување на бодовите против „фенерџијата“ Карадаку, Кратово на домашен терен ќе го пречека ланскиот прволигаш Црна Река, гостинот ќе сака освојување на трите бодови на тешкото гостување и да продолжи да го трасира патот кон враќање во Првата футсал лига. Утре во Битола се игра и мечот меѓу Конзули и ССК.
Колото се затвара со два натпревари кои се играат во недела. Во Кочани ќе има неизвесен дуел за трите бодови, каде дебитантот Фудбал Старс ќе го пречека СЕЕ Университи. Гостинскиот тим од Тетово сака да дојде до триумф со цел да продолжи да го држи чекорот од двете водечки екипи.
Во Студеничани ќе се одигра натпреварот меѓу Каршиака која ќе биде фаворит против гостинот од Свети Николе, екипата на Овче Поле. Во рамки на оваа рунда слободна ќе биде екипата на Партизан Југ од Брвеница.
Александар Ванев, М-Нет