
СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.К.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Љ.Б.(30) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ . На 17.11.2023, полициски службеници извршил претрес во домот каде престојувал второпријавениот, каде што повремено доаѓал првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени 4,8 килограми марихуана, кокаин и МДМА.