Вицепремиерот Николовски позитивен на Ковид – 19.

На социјалните мрежи, вицепремиерот Николовски, објави дека е позитивен на Ковид – 19, и дека од денеска истиот е во изолација.
Поради лесни симптоми направив КОВИД-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоаѓа начини, но заедно ќе го победиме – стоеше на неговиот фејзбук профил.
Инаку, во неделата на 13 декември во Општина Штип се гласаше за нов градоначалник. Неколку часа по затворањето на изборните места,  Социјалдемократскиот сојуз славеше на плоштадот „Слобода“ во Штип, со жива музика. Николовски беше активно вклучен во поддршката на кандидатот Сашко Николов, а истата вечер говор одржаа и премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Бочварски како и д-р. Николов. Засега останува неодговорено прашањето, дали некои од овие функционери ќе одат во изолација.

Лаура Стојанова М-Нет