Вечерва ќе се одржи традиционалниот концерт на КУД „Ристо Донев – Учителот“ во Штип

Со почеток од 18:00 часот, КУД „Ристо Донев“ – Штип денеска ќе го одржи својот годишен концерт. Настанот ќе се одржи во големата сала при Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, а на истиот ќе настапи и Народниот оркестар „Вез“ со проф. Илија Ќосевски. Гости ќе бидат „Распеани штипјани“, Здужението на пензионери „Гази Баба“ и стари играорци при КУД „Ристо Донев“. „Да ја зачуваме традицијата“ е добропознатата формула за зачувување на нашта историја, традиција и идентитет, како и мост за почитување на мултикултурноста. Од Културно-уметничкото друштво ги повикаа сите заинтересирани и посочија дека ќе може да уживаат во изведбата на традиционални и изворни ора и песни.

Ребека Спасова М-Нет