Вардар е на чекор да биде есенски шампион во ПМФЛ, тимот на Гоце Седлоски не знае за пораз!

ФОТО: Александар Ванев

На две кола до крајот на есенскиот дел во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар е на чекор да биде есенски шампион. Тимот на Гоце Седлоски не знае за пораз и доминира во елитата со 11 победи и три ремија, Вардар има 36 бодови и се наоѓа на челната позиција со бод повеќе од Струга Трим Лум која е втора со 35 бодови.

До крајот битката за тоа кој да биде есенски шампион ќе ја водат Вардар и Струга, со тоа што Вардар има полесен распоред за последни две кола.

Вардар до крајот треба да игра со Шкупи на домашен терен и во гости кај Македонија ЃП, а пак Струга Трим Лум дома ќе игра со Башкими и ќе гостува кај Тиквеш во Кавадарци.

Александар Ванев, М-Нет