
Во време кога кризата со ковид пандемијата е продлабочена и над 1000 лица само во оваа календарска година останаа без работа, во Општина Штип пари се трошат за привремени вработувања обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
„Слично на тајните хонорарци во Владата за кои деновиве слушавме, и Буџетот на Општина Штип е оптоварен со бројни хонорарци што тежат милионски суми. Додека вработените во текстилната и кожарската индустрија како и оние од угостителскиот сектор остануваат без работа и стравуваат за својата иднина општината секојдневно го зголемува бројот на вработени. Статистиката вели дека пред кризата во 2019 година за привремени вработувања се издвоиле приближно 90 илјади евра, додека во 2020 година кога почна кризата Локалната власт потрошила 104 275 евра за привремени вработувања“- истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Наместо рестрикции и намалување на трошоците, градоначалниците во Штип од редовите на СДСМ ги зголемувале вработените но и фактурите на име на една приватна агенција за времени вработувања. Со друи зборови намалувањето на приходите на општината е проследено со зголемување на расходите за времени вработувања, обвинија од Ок на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Лаура Стојанова М-Нет