Бранимир Иванов од Брегалница најдобар стрелец во Младинската Суперлига!

По осум одиграни кола во Младинската Суперлига најдобар стрелец со девет погодоци е фудбалерот на Брегалница, Бранимир Иванов.

18-годишниот штипјанец има одлична сезона и неговата кариера одлично се развива, а тоа му носи настапи и за сениорскиот тим во Втората македонска фудбалска лига.

Брегалница во Младинската Суперлига е на 4. место на табелата со 14 бодови, штипскиот тим има постигнати 26 погодоци, а од кои девет се дело токму на Иванов. Скорот на младите фудбалери е четири победи, две ремија и два порази.

Лука Николов кој исто така настапува за Брегалница има постигнато шест погодоци во овие осум кола. 17-годишниот штипјанец е втор најдобар стрелец за младинскиот тим на Брегалница.

Во однос на табелата во Младинската Суперлига на врвот е Работнички со 18 бодови, додека пак Пелистер е втор со ист број на погодоци. На третото место е Брера Струмица со 17 бодови и тоа носи неизвесност за првите места.

Брегалница е четврта со 14 бодови, а на дното е Победа без бодови.

Александар Ванев, М-Нет