Беласица им додели врамени дресови на фудбалските легенди Милан Василев и Ристо Панов

Фудбалските легенди Милан Василев и Ристо Панов се дел од историјата на Беласица, оставија длабока трага како фудбалери кои во своите фудбалски кариери беа дел од струмичката фудбалска гордост.

Василев одигра неверојатни 14 сезони за Беласица, постигна 69 погодоци, а забележа вкупно 383 натпревари, додека пак Ристо Панов беше дел од Беласица фантастични 15 сезони, постигна 21 гол, а притоа имаше 366 натпревари.

Претседателот на клубот, Славчо Васков – Пинда им додели посебно признание на овие две легенди доделувајќи им врамени дресови со бројот на одиграни натпревари за Беласица.

На овој начин Беласица уште еднаш покажа дека е голем клуб, клуб кој не ги заборава големи легенди кои биле дел од големата историја на струмичкиот клуб, кој сезонава се бори за влез во Првата лига.

Александар Ванев, М-Нет