Башкими триумфираше и го турна Работнички во резултатска криза, Пелистер конечно победи, Вардар останува непоразен!

ФОТО: ФК Башкими

Башкими забележа нов триумф во Првата лига, откако на домашен терен со 2:1 го доби Работнички, кој влегува во се поголема резултатска криза и мака мачи да излези од истата, а овој триумф е победничко деби за старо-новиот тренер Блаже Јанакиевски, кој се врати на тренерската клупа.

Јанакиевски вели дека многу му мило што се враќа во клубот каде тој направи голем успех, откако го внесе Башкими во Прва лига по 17 години, а особено што неговото деби беше победничко.

Конечно радост за Пелистер кој славеше со минимални 1:0 над Брера Струмица со што новиот тренер Милан Стојановски конечно донесе радост за навивачите и верните „Чкембари“. Трите бодови се повеќе од важни со тоа што Пелистер фаќа приклучок кон позициите кои водат кон директен опстанок.

Струга Трим Лум со убедливи 4:0 го декласираше Арсими со што поранешниот шампион дојде до десеттото славје, а пак дебитантот Арсими го запиша шестиот пораз. Стружани продолжуваат со тесната трка за првото место со Вардар, кој пак го доби Тиквеш со убедливи 3:1 и со тоа „црвено-црните“ остануваат на врвот од табелата како непоразен лидер.

Александар Ванев, М-Нет