
Астибо немаше сили за нов триумф на домашен терен во Штип против екипата на Куманово, откако го загуби мечот од деветтото коло на Суперлигата со 24:29.
Гостинот имаше предност од 1:3, а потоа штипските ракометарки стигнаа од 12:6 што беше двојна предност, а на полувреме имаше 16:13. Во вториот дел Куманово започна да ја топи предност на домаќинот и успеа да го сврте резултатот и на десет минути до крајот имаше 20:23.
Во финишот од мечот без проблеми Куманово ја потврди победата од 24:29.
Прво име кај Астибо беше Марија Анчева која реализираше 11 гола, кај Куманово се истакна Мариана Силва Азеведо, исто така со 11 гола.
Шампионот Ѓорче Петров со убедливи 38:13 го декласираше Пелистер, а пак Чаир го доби Вардар со 28:31. Колото во Суперлигата се комплетира со мечот меѓу Металург Автокоманда и Спартак.
Во однос на Првата ракометна лига екипата на Овче Поле славеше со 32:18 над Стружанка, во натпревар каде Анастасија Сентовска имаше 15 гола.
Лидерот Атлетик без проблеми забележа уште една голема победа откако славеше над Деспина со 29:16, додека пак Јехона со 24:16 беше подобар од Шампион.
Александар Ванев, М-Нет