
Вечерва, автомобил удри во малолетник на велосипед во населба Сењак во Штип. Момчето е пренесено на лекување во болница во Штип. Екипа на СВР Штип е на терен и се врши увид. Сообраќајот се одвива отежнато. Повеќе информации за овој случај се очекуваат во текот на утрешниот ден.

