
Денеска се спроведе ларвицидна дезинсекција на територијата на Општина Штип, известуваат од општината. Дезинсекцијата се извршува со цел уништување на ларвите на комарците и е прва ваква акција за оваа година на територијата на Штип. Ларвицидната дезинсекција се спороведуваше од земја преку прскање со пумпи.
„ На ден 26.04.2021 година понеделник Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината се спроведе ларвицидна дезинсекција со цел уништување на ларвите на комарците. Третирањето се вршеше во периодот од 9 до 14 часот. Со дезинсекцијата беа опфатени застојните води во урбаните населби и локалитети на територијата на пштина Штип. “ стоеше во писменото соопштение испратено од страна на Општина Штип.
Третирањето се изведуваше со посебен препарат. Со оглед на фактот дека временските услови дозволија спорведување на акцијата немаше потреба од нејзино одложување. Освен ларвицидна дезинсекција во текот на годината се врши и прскање против комарци, кое може да се спорведе од земја или авионско. Кон крајот на минатата година имаше иницијатива општините од Истокот заеднички да се справуваат со проблемот со комарците, но во информација од Општина Штип, состанок за оваа тема сеуште нема.
Лаура Стојанова М-Нет