Изумира железничкиот сообраќај и патувањето со воз во Истокот

Речиси еден век по изградбата на железничката пруга во Штип, само еден воз редовно секојдневно се движи по овие шини во релација Кочани – Скопје и обратно. Железничката станица оставена на работ на времето, празна, во лоша состојба.

Почетоците на железницата во Македонија датираат од втората половина на 19 век. На 9ти април 1873 е воспоставен железничкиот систем во државава со пристигнување на првиот воз од Солун  на железницата во Велес, и затоа овој ден се смета како Ден на работниците на македонската железница. Ама сликата на железничката станица во Штип, зборува за нејзнината дотрајаност и некористење. Граѓаните кои живеат во близина на железничката станица кажаа дека ретко може да се види воз, но и бројот на патници кои сакаат да патуваат со воз  е мал, бидејќи побрзо се стигнува до Скопје со автомобил сега по автопатот.

Сега заради ковид пандемијата укинати се сите бесплатни линии со воз. На железничката станица во Штип не не пречка никој. Случајни минувачи ни потврдија дека возот миува само еднаш во денот,  и вработените доаѓаат само во тој период. Условите во возот, односно сегашната лакомотива со еден вагон не ги задоволува потребните неопходни услови, па многумина преферираат возење со автомобил наместо со воз. Со други зборови кажано, изумира железничкиот сообраќај и патувањето со воз.

Лаура Стојанова М-Нет