Пронајдена прашкаста материја кај осуденик во КПД Затвор Штип

На 14.12.2020 во 11.50 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Штип било пријавено дека во просторија  за осуденици во Затворот, кај осуденикот Е.Ј.(29) од Штип била пронајдена прашкаста материја. Увид на местото извршиле полициски службеници од СВР Штип, при што при претрес кај Е.Ј. пронашле прашкаста материја, истата ја одзеле и предале за вештачење. Запознат е Јавен обвинител и по комплетирање на случајот против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.