Голот од корнер му пресуди на Амир Јашар, управата на Брегалница ја прекина соработката со голманот!

Според ексклузивни информации на М Нет телевизија, управата на ФК Брегалница спогодбено се раздели со голманот Амир Јашар, а разделбата доаѓа по вчераниот „кикс“ на голманот на „сините“ кој прими директен гол од корнер. Јашар на три минути пред крајот на мечот капитулираше уште еднаш и со тоа Брегалница остана без трите бодови губејќи го мечот со 1:2 преку пресврт со Струга.

Експресно беше донесе одлука од страна на управата на клубот за разделба со голманот Јашар, а како опција сега Брегалница го има Никола Филески, а како опција е и штипјанецот Мартин Миленковски.

Амир Јашар во Брегалница дојде од редовите на Башкими, а во зимскиот преоден рок Брегалница ќе треба да размислува за сериозно засилување на голманската позиција кое ќе треба да донесе стабилност на голот.

Брегалница во следното коло ќе гостува кај Шкендија Арачиново, а по 14 кола „сините“ имаат 14 бодови, а поразот од Струга го искористи Башкими кој бодовно се израмни со Брегалница.

Александар Ванев, М-Нет